Брако Група

 

Денес БРАКО ДОО е основано од фирмите ФЕРОИНВЕСТ ДОО и ДВИЛ ТРГОФЕР ДОО.

Заради потребите за навремено доставување на стоката на своите клиенти во Македонија и во странство, фирмата БРАКО ДОО има основано своја компанија ќерка - БРАКО ТРАНС ДООЕЛ која се занимава со транспортни услуги.

Покрај тоа заради потребите на своите возила, како и влез во пазарот со нафтени дервати во 2005 година - е отворена бензиската пумпа БРАКО ПЕТРОЛ.

Гледајќи како се шири пазарот со жичани производи во Југо-Источна Европа, посебно на делот како да се намал транспортните трошоци до развиените европски држави, компанијата одлучува да ја преземе целосно фирмата БРАКО ЖИЧАНИ ПРОИЗВОДИ од Панчево Република Србија.  Истата се занимава со производство на голем број жичани производи.