Проф. Д-р. Кочо Анѓушев - Претседател на Бордот на Директори

Проф. Д-р. Кочо Анѓушев е еден од оснивачите на БРАКО и Претседател на Бордот на Директори.

Роден е во Велес, Република Македонија на 20ти Јуни, 1969 година.

Во периодот од 1988 до 1992 година стидира на Машински Факултет во Скопје, а потоа од 1992 до 1995 година на истиот факултет посетува постдипломски студии и станува Магистер на Машински Науки. Неговите амбиции не престануваат тука, па така во 1998 година станува Доктор на Технички Науки.

Професионалното искуство на Проф. Д-р. Кочо Анѓушев е доста обемно и е градено во повеќе области.

Најпрво од 1993 до 1998 година работи како Асиситент на Машинскиот Факултет во Скопје, задолжен за организација и одржување на вежби на студенти и научноистражувачка работа.

Во 1996 година е гостин научен истражувач на Машинскиот Факултет во Ахен - Германија, каде ја подготвува докторската дисертација.

Во 1998 година станува Професор на Машинскиот Факултет во Скопје, при што одржува настава и е вклучен во повеќе научноистражувачки работи. Како резултат на овие научноистражувачки работи, Проф. Д-р. Кочо Анѓушев има издадено повеќе од 100 научни трудови на меѓународни и домашни симпозиуми, а исто така има реализирано и повеќе од 50 проекти во индустријата, од областа на машинството и индустријата.

Работното искуство како Професор го проширува во Лавборо, Англија каде што доаѓа во 1999 година како Визитинг Професор на тамошниот Машински Факултет. Таму одржува настава по Динамика на машини и е вклучен во научноистражувачка работа.

Од 2000 до 2002 година се наоѓа на функцијата Помошен Генерален Директор за производство и управување во Електростопанство на Македонија (ЕСМ). Со своето знаење и организациски способности управува со електроенергетскиот сектор на Република Македонија и трговијата и размената на електрична енергија, го организира производството на сите електрани, како и нивното тековно одржување, модернизација и рехабилитација.

2003 е најактивна и најпродуктивна година за Проф. Д-р. Кочо Анѓушев. Во овој период го оснива Друштвото за вработување на инвалидни лица за производство, трговија и услуги ФЕРОИНВЕСТ Д.О.О. експорт-импорт - Велес, кое е дел од конзорциумот кој доби концесија за 21 мали хидро електрани во Македонија.

Во истата година ФЕРОИНВЕСТ станува сопственик на 50% од капиталот на компанијата БРАКО. Проф. Д-р. Кочо Анѓушев станува Претседател на Бордот на Директори и го организира развојот и производството во трите производни погони во Велес - Македонија, Панчево - Србија и Видин - Бугарија. Со ова успева до го етаблира БРАКО како лидер на балканот во својата област.

Во споменатата година најпрво оснива претставништво на Групацијата ЕФТ, а подоцна и фирма ЕФТ Македонија која добива лиценца за трговија со електрична енергија. Покрај ова, фирмата се занимава и со инвестиции во енергетиката.

Како резултат на добиениот Грант од Холандија во висина од 1.500.000 ЕУР, во 2007 година е оснивана фирмата БРАКО ВЕИГХПАК, чиј управител е Проф. Д-р. Кочо Анѓушев. Фирмата претставува заедничко вложување помеѓу БРАКО и холандски партнер кој се занимава со производсво на метални делови.

Проф. Д-р. Кочо Анѓушев исто така има членувано во различни професионални тела. Учествува во работењето на Управниот Одбор и Генералното Собрание на Обединетото Електростопансво на Европа (UCTE). Член е на Генералното Собрание и Извршниот Комитет на Електростопанство на Југоисточна Европа (SUDEL), како и на Генералното Собрание на Интернационалната Федерација за Машини и Механизми (IFToMM)

Проф. Д-р. Кочо Анѓушев живее и работи во Скопје, Република Македонија.

НАЈДЕТЕ НЕ НА КАРТАТА

ДПТУ БРАКО ДОО - Раштански Пат бр.2, Велес
тел.: 043212560, факс: 043232534
office@brako.com.mk