Историја

Компанијата “БРАКО” е основана во 1947 година во Велес Р.Македонија.

Во 1994 година врз оваа компанија е отворена стечајна постапка која што е запрена во 1995 година при што компанијата се здобива со статус “во трансформација”. Во 2001 година трансформацијата е запрена и продолжена е стечајната постапка , за во 2003 година компанијата на транспарентен начин се приватизира.

По завршувањето на сечајната постапка и приватизацијата на компанијата започнува новата ера во работењето на оваа компанија. Месечното производство на жичани производи од 400 тона прерасна на производство од 1200 тона. Ваквото зголемување се должи на визијата за успешно раководење на компанијата , како и континуитетот од инвестиции, кои што се направени во компанијата Денес основната дејност на оваа компанија е производството на жичани производи , програм по кој што компанијата е препознатлива на многу пазари како на Балканскиот полуостров така и во Европа.

Со достигнувањето на производството од 1400 тона на жичани производи месечно, на почетокот од 2005 година, компанијата “БРАКО”, се наметна како сериозен лидер во производството на жичани производи во државата , и во региононот.

Имајќи визија компанијата да прерасне во Балкански лидер во производството на жичани производи ,од почетокот на 2006 година ,односно на крајот од 2005 година “БРАКО” отвори свои производствени капацитети - погони на пристаништата на реката Дунав во Панчево Србија - “БРАКО – ФЕРОПРОДУКТ” , и во Видин - Република Бугарија – “БРАКО – БУГАРИЈА” , со што компанијата прерасна во Холдинг компанија.

Ваквата поставеност на производствените капацитети не е случаен , искористувањето на поволностите кој што ги нуди речниот транспорт , се само дел од визијата и успехот за работењето на оваа компанија, во напорите да се наметне како сериозен Балкански лидер во производството на жичани производи.

Со ваквата поставеност денес “БРАКО – ХОЛДИНГ” се наметнува како водечка компанија во производството на жичани производи во ЈугоисточнаЕвропа , со што се достигна капацитетот на производство од 3500 тони на жичани производи месечно.

Производите на “БРАКО” секојдневно се пласираат на домашните пазари како и на пазарите во Албанија, Грција , Хрватска , Босна и Херцеговина , Австрија, Словенија, Италија , Унгарија и на др. пазари.

Иако производите на “БРАКО” прераснаа во препознатлив Бренд , по својот квалитет и широк асортиман на производи , со визија за успех и развој како и инплементирање на новите современи трендови во оваа област , “БРАКО” постојано го подобрува досегашното производство во смисла на инвестирање во нови современи технологии од оваа област , иновирање на постоечкиот начин на менаџирање со компанијата , како и проширување на постојниот асортиман на производи, од сите сфери на работењето на компанијата.

Покрај постојното производството на жичани производи , како и досегашната производствена палета на медицински мебел и товарни приколки, компанијата “BRAKO” , воведе нова производствена програма на транспортни ленти . Сакајќи компанијата да се развива во повеќе области од потребите на општеството “БРАКО” отвори и своја бензинска пумпа “БРАКО ПЕТРОЛ”, која што даде една нова димензија на работењето во оваа област.