Mисија и визија

“БРАКО” -  СИНОНИМ ЗА КВАЛИТЕТ, ЕФИКАСНОСТ И ПРЕПОЗНАТЛИВОСТ НА ПАЗРОТ.

Наша мисија :

  • Брако да биде лидер на Балканот во производството на жичани производи и медицинска опрема.
  • на нашите клиенти да им понудиме најдобар квалитет , широк асортиман на производи , по конкурентни цени.

Трајната определба - клучот за успехот на компанијата “БРАКО” се темели  врз следниве принципи - начела:


  • Континуиран квалитет на нашите производи , постојано негово одржување и унапредување во согласност со барањата на Купувачите;
  • Широк асортиман на производите со цел задоволување на строгите барања на пазарот - купувачите;
  • Заштита на здравјето на вработените како и континуирана заштита на животната средина;
  • Континуирано подобрување на условите за работа , мотивирање и подигање на свеста за тимска работа;
  • Континуирани инвестиции во персоналните ресурси на компанијата во смисла на обука и стручно оспособување за работа;
  • Задоволување на барањата - вкусовите на сите инволвирани страни во работењето: вработените, купувачите, сопствениците, раководството на компанијата;
  • Постојано унапредување на психологијата на персоналот за своите одговорности за обезбедувањето на квалитет;
  • Имплементација на актуелните Законски процеси, Стандарди, Регулативи , Директиви од страна на ЕУ;
  • Постојано унапредување на економската логика на работењето (поголем профит со помали трошоци).
  • Утврдување на системот за управување со квалитетот ISO 9001:2008 и системот за заштитиа на животната средина ISO 14001:2004 и постојано преиспитување на нивната ефикасност.
  • Унапредување и оптимизација на работните процеси со рационализација на потрошените суровини и материјали, енергија, вода и смалување на емисијата во воздухот и спречување на загадувањето на подземинте води и почвата.
  • Постојан мониторинг и подобрување на учинокот на заштитиата на животната средина и смалувањето на опасноститие од инциденти.