|
На 29.11.2007во Велес, Македонија свечено се отвори новата хала на Brako Weighpack. Свеченото го отвори Амбасадорката на Кралството Холандија во Македонија Нејзината Екселенција г-Ѓата Симоне Филипини.
Во новата производна хала Ќе се произведуваат повеЌе димензии на клинци, коилирани клинци, компактирано плетиво.
Линијата за пакување на клинци како и другите делови од жичаниот програм на Brako Weighpack се резултат од најновата технологија за жица и жичани производи.
Компанијата Brako Weighpack е резултат од заедничко аплицирање на компанијата Брако со компанијата Вејпак од Холандија за добивање грант од Кралството на Холандија кој Холандската влада го одобри преку организацијата ЕВД во склоп на Холандското Министерство за Надворешни Работи.
Проектот е со износ од 1 450 400 евра од кои 50% се грант на ЕВД односно Кралството на Холандија, а 50% се сопствено учество на компанијата Brako и компанијата Weighpack.
На отварањето на Brako Weighpack присуствуваа бројни ценети партнери на компанијата како и челни лица од јавните установи на град Велес и Македонија.
Амбасадорката на Кралството Холандија во Македонија Нејзината Екселенција г-Ѓата Симоне Филипини исто така ја искажа нејзината импесионираност од нашата компанија и позитивната енергија со која работи.
Особено ни е драго што на оваа наша свеченост присустуваше и
г. Андреас Коут претседателот на компанијата Weighpack од Холандија, кој искрено го изрази своето задоволство што неговата компанија со Brako заедно аплицираа како Brako Weighpack и што проектот е успешно иплементиран и пред предвидениот рок.
|