Во Февруари 2007 година, БРАКО Д.О.О. и WPI Systems B.V. - Холандија (производител на опрема за пакување на метални производи) основаа Заедничко Вложување (Joint Venture) за имплементација на проектот насловен: Производна линија за жичани производи со висока продуктивност и квалитет.
Проектот започна на 1ви Јануари 2007 а ќе заврши на
30ти Мај 2008. Пост-проектната фаза ќе трае две години.
Сопственото учество на партнерите во проектот ќе биде 50% од буџетот на проектот, а останатите 50% ќе ги обезбеди PSOM (Programme for Cooperation with Emerging Markets).
Главната цел на проектот е инсталирањето на машини/опрема која ќе овозможи високо продуктивна производна линија за производство и пакување на којлирани клинци и универзално жичано плетило. Оваа високо продуктивна линија ќе се состои од две главни производни линии: производство на клинци и производство на универзално жичани плетило. Производните линии ќе вклучуваат постоечка опрема, како сопствен придонес на БРАКО, и нова модерна опрема за подобрување на производството од аспект на квалитетот и квантитетот на готовите производи.
Инсталирањето на ваквата производна линија ќе му овозможи на Конзорциумот да стане лидер на пазарот за производство на клинци со врвен квалитет во Југо-Источна Европа и во иднина да го прошири своето влијание на пазарот на ЕУ. Пазарот за клинци бара се повеќе и повеќе, од апект на квалитет на производите, ефикасност и однос
цена – квалитет. За да се задоволат ваквите барања, потребна е модерна и ефикасна високо продуктивна технологија. Здружувањето на производната вештина и искуството од локалниот/регионалниот пазар на БРАКО, со модерната и ефикасна технологија и знаењето на холандскиот партнер, создаваат можност за остварување на целта на проектот. Очекуваниот исход на проектот е високо продуктивна производна линија која ќе понуди првокласни производи по конкурентни цени, на пазарите во Југо-Источна Европа и ЕУ. Производната линија ќе биде управувана од страна на Joint Venture компанијата, со цел понатамошно создавање на пост-проектни можности во регионот.
Проектот исто така ќе има значаен придонес од аспект на нови вработувања во регионот. Ќе обезбеди работа за 42 нови вработени
(2 инженери и 40 работници), од кои 2 инженери и 28 работници ќе бидат вработени на почетокот на проектот и уште 12 работници ќе бидат вработени по имплементацијата на проектот (за трета смена).
Овој проект отвора нови можности за долгорочна соработка помеѓу двата партнера. Успешното завршување на проектот ќе генерира буџет и ќе стимулира понатамошни сопствени инвестиции за модернизирање на опремата. Ова се повеќе ќе ја зацврсти позицијата на Конзорциумот на локалниот и регионалниот пазар, со уште поголеми можности за долгорочен значаен пробив на пазарот на ЕУ.
|