|
За потребите на телекомуникациските компании, БРАКО произведува повеќе типови на антенски столбови со различни димензии, во зависност од барањата. Генерално се изработуваат два основни типови на конструкација, и тоа:
Самоносечката конструкција
Овој тип на антенски столб се изведува со квадратна или триаголна основа, а се изработува од челични L-профили или од челични кружни цевки. Сите челични материјали се заштитени со топлоцинкување. Подножниот сегмент од столбот се поврзува со бетонскиот фундамент со помош на анкер завртки и фланши кои се заварени на ногарите од столбот. Останатите сегменти, чиј број зависи од висината на столбот, се поврзуваат помеѓу себе со навојни врски.
Конструкција со затеги
Се состои од централна цевка во повеќе сегменти, поврзани помеѓу себе со помош на навојни врски. Оваа централна цевка заради стабилност е затегната со повеке редови на челични сајли. Бројот на сегменти како и бројот на редови на челични сајли зависи од висината на столбот. Челичните материјали се заштитени со топлоцинкување.
Покрај основната конструкција, антенските столбови ги вклучуваат и следните елементи:
Анкер завртки – се изработуваат од челични шипки и служат за поврзување на антенскиот столб со бетонскиот фундамент.
Скали за качување по столбот –се изведуваат од внатрешна страна на столбот (по барање постои можност и за поставување од надворешна страна), и тоа во две верзии:
- Во форма на буквата Т со централна шина на која се поставува сигурносниот систем
- Во конвенционална форма со две шини и со заштитен кафез за безбедно качување
На самите скали постои можност за инсталирање на безбедносниот SOLL System.
Вертикални држачи за кабли – овие држачи се поставуваат по висина на целиот антенски столб и служат за спроведување на каблите низ столбот.
Работни платформи – изработени се од топлопоцинкувани решетки заштрафени на самиот столб и служат за безбедно работење на персоналот кој го опслужува столбот. Нивниот број и висина на поставување зависи од конкретните побарувања.
Хоринзонтален кабелски мост – овој мост се поствува до самиот антенски столб и служи за спроведување на каблите од столбот до базната станица (телекомуникацискиот контејнер)
Заземјување – се изведува комплетна инсталација за заземјување на целиот столб (вклучувајќи ја и инсталацијата во фундаментот), како би се заштитила инсталираната телекомуникациска опрема од електрично оштетување
Предупредувачко авијациско светло – се поставува на врвот од столбот и е во црвена боја, согласно важечките правила и прописи
Држачи за монтирање на антени –за секој столб се предвидени посебни типови на држачи за антени, чии димензии се усогласени со побарувањата од самите антени кои треба да се инсталираат. |