БРАКО
БРАКО БУГАРИЈА
 

Друштвото со ограничена одговорност “БРАКО – БУГАРИЈА” е основано во 2005г. како дел од визијата на сопствениците за формирање на мегународна Холдинг компанија “БРАКО”. Реализирајки ги своите идеи  за прераснување во Балкански лидер пред се во производството на жичани производи, “БРАКО” купува производствени хали во градот Видин, Р.Бугарија кој со својата местоположба во близина на реката Дунав е од стратешко значење заради евтиниот речен транспорт. Современиот машински парк во кој постојано се инвестира овозможува месечно производство од 400 тони висококвалитетни производи.

         
         

Евтиниот транспорт и високиот квалитет на сопственото производство овозможуваат “БРАКО – БУГАРИЈА” да има исклучиво конкурентни цени со кои без проблем ги пласира своите производите на пазарите на Р.Бугарија, Р.Грција, Босна и Херцеговина и др.

Но визијата за лидерство не запира тука, туку се продолжува со инвестирање за подобрување на околната инфраструктура и подобрување на технолошкиот процес, со што сакаме да го запазиме трендот да бидеме водечка компанија во производството на жичани производи.

Најголема инвестиција е изградбата на нова хала за поцинкована жица која што е во својата завршна фаза.

Во својата кратка историја “БРАКО – БУГАРИЈА” со квалитетот на своето производство, својата лојалност и коректност кон трговските партнери, израсна во важен фактор во областа на производство и продажба на жичани производи.

Со инвестициите кои се направени досега, плановите за идни инвестиции како и со младиот и перспективен персонал, “БРАКО – БУГАРИЈА” ќе се стреми да ги задоволи сите барања и желби на своите клиенти и да одговори на сите идни предизвици.    




 


English | Македонски