БРАКО
БРАКО ФЕРОПРОДУКТ
 

Од средината на 2005та година во рамките на “БРАКО – ХОЛДИНГ” функционира и “БРАКО - ФЕРОПРОДУКТ” Панчево, Република Србија. “БРАКО - ФЕРОПРОДУКТ” врши производство на жичани производи во своите производни погони во Панчево со површина од околу
8.500 м2.

Посебна поволност како и посебни предуслови и мотиви за извршување на активностите на  “БРАКО - ФЕРОПРОДУКТ” дава непосредната близината до пристаништето “Лука Дунав”, кое овозможува широк спектар на можности за транспорт на суровините и готовите производи. Преку широкиот асортиман, софистицираната контрола на квалитетот како на суровините така и на нашите готови производи, и тоа по достапна цена, "БРАКО - ФЕРОПРОДУКТ” станува лидер во производството на жичани производи во овој регион, а “БРАКО – ХОЛДИНГ” лидер на Балканот.

И покрај високиот квалитет на готовите производи, “БРАКО - ФЕРОПРОДУКТ” и понатаму инвестира во развојот на своите погони, модернизирање на технологијата, заштита на животната средина како и во образување и усовршување на своите кадри. Ваквиот пристап ја зацврсува позицијата на
БРАКО - ФЕРОПРОДУКТ” за во иднина.


 


English | Македонски