Корпи за багери
 

Овие корпи за багери се произведуваат за австриската компанија Nino DeMartiis (NDM). Служат за икопување на материјал и се изработуваат во различни димензии и дизајни во зависност од типот и капацитетот на машината за која се наменети. Во моментов БРАКО произведува корпи за машини со опсег на капацитетот од 1,5 до 30 тони.

Се изработуваат од HARDOX450, кој што е посебен тип на челик со посебни механички карактеристики, соодветни на нивната намената.
Во зависност од потребите и барањата на купувачите, на самите корпи се поставуваат т.н. adapter plates преку кои се поврзуваат директно со машината, или пак може да се поврзат со помош на т.н. quick coupler.
Корпите се компатибилни со различни машини од сите познатите светски брендови.

 




English | Македонски