Трајната определба - клучот за успехот на компанијата “БРАКО” се темели врз следниве принципи - начела:
- Континуиран квалитет на нашите производи , постојано негово одржување и унапредување во согласност со барањата на Купувачите;
- Широк асортиман на производите со цел задоволување на строгите барања на пазарот - купувачите;
- Заштита на здравјето на вработените како и континуирана заштита на животната средина;
- Континуирано подобрување на условите за работа , мотивирање и подигање на свеста за тимска работа;
- Континуирани инвестиции во персоналните ресурси на компанијата во смисла на обука и стручно оспособување за работа;
- Задоволување на барањата - вкусовите на сите инволвирани страни во работењето: вработените, купувачите, сопствениците, раководството на компанијата;
- Постојано унапредување на психологијата на персоналот за своите одговорности за обезбедувањето на квалитет;
- Имплементација на актуелните Законски процеси, Стандарди, Регулативи , Директиви од страна на ЕУ;
- Постојано унапредување на економската логика на работењето (поголем профит со помали трошоци).
|