
Кујна
автоприколка од 300 литри М95 А1, наменета е за
готвење на јадења во војни и мирновременски
услови, на маневри, вежби и кампувања. Може да
работи во разни теренски и временски услови, во
место и во движење. Користи цврсто гориво (дрво
и јаглен). На кујната можат да се приготвуваат
јадења со варење, динстање, пржење и печење.
Опремена е со два казана дупликатора од по 100
литри, еден единечен казан од 100 литри, два
сада за топла вода од по 30 литри, рерна и
грејна плоча.
Кујната е изведена на една торзиона осовина која
што е опремена со инерцијална кочница. Висината
на влечната руда може да се подесува спрема
висината на влечното возило. Во свoјот комплет
има специјален шатор за заштита од
метереолошките , услови, резервен алат и прибор,
против пожарен апарат и техничко упатство за
ракување и одржавање.
 
Основни технички податоци |
Тип на приколка |
Технички податоци |
|
Ширина |
3670 мм |
Приземна ширина |
5600 мм |
|
Width |
1910 mm |
Ширина на покрив |
4800 мм |
|
Висина со подигнат оџак |
3150 мм |
Должина на бочна страница |
3000 мм |
|
Висина со спуштен оџак |
2300 мм |
Висина на бочна страница |
1800 мм |
|
Работна висина |
1000 мм |
Максимална висина |
2800 мм |
|
Растојание на приколката |
1615 мм |
Површина |
16,8 м2 |
|
Клиренс |
260 - 290 мм |
Волумен |
35 м3 |
|
Број на тркала |
2+1 |
|
Димензија на пнеуматици |
6,50x16 |
|
Притисок во пнеуматици |
З bar |
|
Максимална брзина во
движење |
70km/h |
|
Совладување на угорнина |
до 40% |
|
Совладување на странична косина |
до 30% |
|
Сопствена маса |
1120 кг |
|
Функционална маса |
1450 кг |
|
Капацитет за готвење |
300 литри |
|
Капацитет за топла вода |
60 литри |
|
Волумен на рерна |
50литри |
|
Површина на грејна плоча |
30 сm2 |
|
Момент на кочење на инерцијската кочница |
5000 N/mm |
|
Електрична
инсталација 24 v |
24 v |
|
Шатор за кујна
автоприколка |
300 литра М95 А1 |
Шаторот е
изработен од ипрегнирано, водонепропусливо
платно и од алуминиумска метална конструкција.
Опремен е со
резервен алат и прибор, прибор за пакување и
техничко
упатство за ракување и одржување.
КАЗАН ДУПЛИКАТОР
Казан
дупликатор е херметички затворен сад изработен
од челичен лим што не кородира. Има дупли зидови
во чиј меѓупростор се наоѓа глицеринско масло,
кое ја пренесува топлината од ложиштето на
храната во садот и со тоа го спречува
загорувањето на храната. На работ на казанот се
наоѓа мерач за нивото на глицеринско масло. На
капакот е вграден вентил за надпритисок, а
напред се наоѓа притегач кој служи за фиксирање
на капакот и осигурување од отворање при
готвењето. Вентилот за надпритисок служи за
регулирање на притисокот во казанот. Вентилот се
отвора кога надпритисокот ќе се покачи над 0,05
бар.
ОБИЧЕН КАЗАН
Обичниот
казан е сличен на казанот дупликатор само што
нема дупли зидови и полнење со глицеринско масло.
Исто така има и вентил за регулација на
притисокот и механизам за регулација на
положбата на капакот како што се кај казанот
дупликатор.
САД ЗА ВОДА
Садовите за вода, ги има два на кујната автоприколка - 300 М95 А1, сместени лево и десно од оџакот. Изработени се од лим што не кородира и имаат волумен од 30 литри. По потреба може да се извадат од телото на кујната, имаат капак кој е херметички затворен на кој е вграден испарувачки вентил и механизам за затегање. Водата во садот се затоплува од издувните димови на оџакот.
ГРЕЈНА ПЛОЧА
Грејната плоча е сместена над рерната во ложиштето, на предната страна од телото на кујната. Изработена е од лим што не кородира со дебелина 3 мм. Служи за припрема на запршка или динстани јадења и се користи само кога кујната е во мирување.
РЕРНА
Рерната е сместена на предната лева страна на кујната над ложиштето. Околу рерната има димни канали кои со регулатори може да ја грејат грејната плоча или рерната. Рерната е изработена од лим што не кородира.
ОПРЕМА, АЛАТ, РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ И ПРИБОР
Кујната автоприколка - 300 М95 А1 е опремена оо прибор за готвење и прибор потребен за припремање на јадење, како и алат и резервни делови за работа и одржување на кујната. За работа со кујната во непогодни временски услови кујната треба да е опремена и со шатор М-70, а за противпожарна заштмта има противпожарен апарат. Дел од опремата, алатот, резервните делови и приборот на кујната се сместени во самата кујна, а дел се носи во возилото што ја влече кујната.
|