Компанијата "БРАКО" во својата програма го има и производството на системи на транспортни ленти во рударската и прехранбената индустрија. Брако нуди комплетна изведба на веќе подготвен проект за транспорт на зрнести и палетизирани производи како и техничко технолошки решенија за транспорт на најразлични видови на материјали. Транспортните ленти може да бидат рамни, коритести или профилирани.
Рамните транспортни ленти најчесто се употребуваат за одбирање, сортирање или транспортирање на мали количини на различни типови на материјали. Преносните системи се состојат од по една ролка.

Коритестите транспортни ленти овозможуваат пренос на поголеми количини на материјали, без опасност од прелевање. Преносните системи се состојат од 3 ролки, кои го даваат обликот на лентата, а растојанието помеѓу нив може да биде од 1 до 1,6m. Лентата може да биде обликувана со агли од 20°, 30°, 35° и 45°.

Профилираните транспортни ленти се употребуваат за туркање или пренесување на различни материјали или составни делови за некој производ. Можат да бидат изработени со различни типови на профили, во зависност од нивната употреба, односно материјалите или деловите кои се пренесуваат.


Носечката конструкција под лентата може да биде од рамни челични профили или транспорт со ролки. Нудиме широк дијапазон на димензии на транспортните ленти по дебелина и по широчина, како и ролки од сопствено производство со соодветна заштита, зависно од намената на транспортерите. Изработуваме складишни бункери со вибрододавачи, како и сита за просејување на зрнести материјали со најразлична големина.


|