
Креветот на електричен погон е направен за нега на болни во одделение за интензивна нега. Креветот овозможува подигање на делот каде што лежи главата на пациентот, а исто така може да се подига и делот каде што се нозете на пациентот. Командата за подигање се врши со два пара копчиња кои се наоѓаат на пластично кутиче. Креветот е снабден со заштитна ограда од двете страни за безбедност на пациентот. Креветот може да се преместува со помош на четири тркала од кои две можат да се закочуваат. Бојата на рамката може да се избере од палетата на бои дадени во каталогот.
Димензии: 1060 х 750 х 1050 мм
Тежина: 79,5 кг
|