Машински делови и опрема
 

Од февруари 2007 година, БРАКО ја започна својата соработка со холандската компанија WEIGHPACK која се занимава со производство на различни видови машини. Во рамките на оваа соработка, БРАКО е задолжен да произведува различни делови и опрема за асортиманот на WEIGHPACK, како на пример:

Садот за полнење е интегрален дел од машината за подготовка на мешавината од челични влакна и бетон, и се користи за испуст на точно количество влакна во мешавината.



Вибрирачкиот контејнер го користат машините за пакување, а тоа е метален контејнер што е инсталиран пред вагата и каде што се мери материјалот за пакување. Неговата функција е со вибрирање да го снабди определеното количество за пакување. Главно се користи кај автоматските системи за пакување шајки.

Метални конструкции или платформи и интегрални делови и опрема за машини, особено за системите за пакување.

Како резултат од оваа соработка, БРАКО произведе и метални конструкции за високо софистицирани влезни порти, кои што беа дел од проектот за зголемување на безбедноста на фудбалските стадиони во Холандија, или поконкретно за фудбалскиот стадион во Хаг.

 

 


English | Македонски