Телекумуникациски контејнери
 

Телекомуникациските контејнери служат за сместување и заштита на софистицирана и скапа телекомуникациска опрема. Можат да бидат изработени само куќишта (без опрема) или целосно опремени контејнери за различни телекомуникациски и енергетски потреби. Изведбите и димензиите на контејнерите може да варираат во зависност од намената и потребите на потрошувачите.
Се изработуваат од метална конструкција и термо изолациони панели (сендвич панели) кои покрај термичката изолација обезбедуваат и огноотпорност. Целата конструкција има анти-корозивни својства и не пропушта вода во внатрешноста.
Контејнерите во зависност од изведбата, покрај телекомуникациската може да бидат опционално опремени и со најразлична друга опрема. На пример:




Генератор - се вклучува автоматски во случај на прекин со нормално снабдување на електрична енергија
 
Резервоар за гориво - за генераторот


Автоматски систем за регулирање на температурата - ја регулире вентилацијата на контејнерот во зависност од моменталната температура


Безбедносен систем (аларм) - се активира при пожар, несоодветна температура, неовластено отворање на вратата и сл.




English | Македонски