|
Овој мобилен антенски столб поставен на приколка е наменета за потребите на мобилните оператори. Се користи во случаи кога е потребно брзо и интервентно појачување на сигналот за мобилната телефонија, при што времето на инсталирање на самата локација е само 2 часа.
Мобилниот антенски столб поставен на приколка се користи во два работни режими:
Возна состојба
Приколката ги задоволува важечките технички прописи од областа на моторни возила, приклучни возила, опрема и делови кои можат да се вградат и/или користат на возила на тркала во Република Македонија, односно по ЕСЕ, категорија на возило О2.
Електричната инсталација на приколката е на 12 V.
Како влечно возило може да се користи возило со влечна сила од мин. 3000кг.
Технички опис |
Марка на приколка |
BRAKO |
Тип на приколка |
BR27S |
Вкупна маса на возилото: |
2645 kg |
Габаритни димензии на возилото |
Должина |
5755 mm |
Ширина |
2480 mm |
Висина |
2679 mm |
Меѓу оскино растојание |
730 mm |
| Димензии на платформа |
Должина |
4000 mm |
Ширина |
2000 mm |
Систем за кочење |
инерцијален |
Шасија |
топлоцинкувана |
Број на осовини |
2 |
Тип на сопирачки |
добош сопирачки со гуртни |
Налетен механизам |
KF27 |
Гуми |
195/70 R 15 С |
Работна состојба
Во работна состојба мобилниот антенски столб поставен на приколка зафаќа површина од 5000 х 5000 мм.
Височината на антескиот столб на кој се поставуваат антените изнесува 15 метри мерено од земја. Составен е од 4 сегменти кои се составуваат во хоризонтална положба, додека исправувањето на столбот од хоризонтална во вертикална положба се изведува механички со помош на механички тирфор.
По исправувањето се врши затегнување на столбот со помош на 8 челични сајли во две нивоа.
На работната платформа на приколката може да бидат поставени BTS орман и енeргетски агрегат.
|