Вработување

Согласно со својата стратегија за забрзан и континуиран растеж, Брако е постојано отворена за нови, образовани, високо мотивирани и талентирани кадри кои знаат да ги препознаат предизвиците на новите времиња.

Работата во Брако значи да се биде дел од динамична работна средина и од амбициозен тим со големи можности за забрзан професионален развој и стручно усовршување. Угледот на нашето име и досегашните резултати се гарант на нашата стабилност, сигурност и перспективност.

За возврат од вас се бара да бидете личност која е способна е да функционира во високо развојна и пазарно флексибилна средина и располага со квалитет и ефективност во работењето. Доколку сакате да бидете дел од нашата база на податоци како потенцијал за вработувањата кои треба да следат во идниот период, молам испратете го вашето CV на следнава адреса office@brako.com.mk