Жичани производи

Компанијата БРАКО е основана далечната 1947 година во Велес. Иако БРАКО во изминатите 70-тина години стана препознатлив бренд по својот квалитет и широката палета на производи, компанијата е посветена на понатамошен развој со имплементирање на нови современи производни технологии и иновативен начин на менаџирање.

Во 2007 година, отворена е и втората фабрика за производство на жичани производи во Панчево, Србија, фабриката BRAKO WIRE PRODUCTS. Оваа фабрика веќе прераснува во водечки фактор во индустријата на челични жичани производи во Србија со месечен капацитет од 500 тони поцинкувана жица, односно 1000 тони жичани производи.

Со месечно производство од преку околу 3000 тони, БРАКО е еден од најголемите производители на жичани производи во регионот и пошироко.